Што прави Лука во НБА? Ги донесе Харлем Глобтротерс во Лигата (Видео)

Лука Дончиќ се врати на паркетот, а со него НБА-лигата е многу позабавна. Словенецот постигна 33 поени на првиот меч по паузата поради повреда, а едниот од нив беше неверојатен. Или како што велат американските коментатори, вистински циркуски шут со поени и дополнително слободно фрлање.

Кори Џозеф, кој се обиде да го чува Лука, остана зачуден од начинот на кој преку него Дончиќ постигна поени, а публиката во „Американ ерлајнс арената“ се забавуваше.

Нова магија од Дончиќ во стилот на славните Харлем Глобтротерс, кои неодамна се пофалија и со неверојатно забивање.

 

- Оглас -

Најнови вести