Што се случи со голманот кој пред три години беше број 1 во Англија?

Поранешниот англиски репрезентативец Џо Харт сезонава е член на Барнли, но понуден му е на Престон (тим кој е 17-ти во Шампионат лигата), па многумина се прашуваат каде е дното за чуварот на мрежата кој пред три години беше број 1 во Англија.

Во 2016 година Харт го чуваше голот на Манчестер сити, со кого претходно освои две титули во Премиер лигата, беше во форма и главен голман на англиската репрезентација. Тој настапи на две светски првенства и едно европско.

Но, сè се смени кога тренер на Сити стана Пеп Гвардиола. Каталонецот сакаше голман (го донесе Клаудио Браво) со подобра играчка техника и прецизни додавања, да помага во почетокот на креирањето на акциите,и тука почна незапирливиот пад на Харт.

Харт најпрвин беше позајмен во Торино, каде што на 36 меча прими 62 гола. Се врати во Сити, но клубот го купи Едерсон и Харт беше позајмен во Вест хем, каде што во текот на сезоната стана резерва. И таму примаше во просек по два гола на меч, а не беше земен на СП во Русија откако бранеше на сите квалификациски дуели. Саутгејт им даде предност на младите Пикфорд, Батленд и Поуп.

Летоска потпиша за Барнли за 4 милиони евра, но тимот бележеше подобри резултати кога тој не беше на голот. Но повредениот Поуп се врати, Хитон е стартер и сега на Харт му е понудено да замине во тим кој е во долниот дел на табелата во втората лига. Третата позајмица за човекот со 75 настапи за Англија е удар кој прашање е како ќе го издржи.

- Оглас -

Најнови вести