Што се случува во Португалија? На терен почина уште еден спортист, трагичната смрт ја следеше и братот близнак

Втор трагичен случај што заврши со смрт на спортист на терен за време на натпревар се случи во Португалија во кус рок.
Вчера на кошаркарскиот дуел меѓу Мирандела и Хувентуде Пасенсе животот го загуби Пауло Дијамантино.
За време на мечот на 36-годишниот кошаркар му се слоши, докторите се обидоа да го реанимираат, но без успех.
Трагедијата да биде поголема на натпреварот играше и неговиот брат близнак Жоао, а и двајцата се подготвуваа да го прослават 36. роденден денеска.

Претходниот викенд на фудбалски натпревар од срцев удар почина  фудбалер на третолигашот Алверка Алекс Аполинарио.

Фудбалерот кој имаше 24 години оддеднаш падна на терен, играчите немо ги следеа моментите на битка за живот, а и тука за жал медицинските лица беа беспомошни да помогнат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести