МЗТ Скопје Аеродром победи на гостувањето кај Еуроникел со 75-69 во дербито на колото во првата македонска кошаркарска лига. Двата тима имаа осцилации и свои добри и лоши моменти, но на крајот повеќе сили и снаодливост имаа Металците, кои и во минатата сеозна во финалето на плејофот беа подобри од кавадарчани.
И сезонава овие два тима се во кругот на фаворити за трофеите, а македонските кошаркари беа тие што му донесоа триумф на МЗТ. Стојановски, Мекиќ и Николов беа најдобри поединци. Проблем за Еуроникел беа грешките и организацијата на нападите, тимот имаше 23 загубени топки.