„Штрковите“ знаат како да си го зачуваат домашното гнездо

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го совладаа опасниот Сплит со 70-64 во АБА 2 лигата и се задржаа на чело на табелата во втората јадранска лига. И ослабен по заминувањето на Нуни Омот, тимот на тренерот Ѓорѓи Кочов најде начин како да излезе на крај со опасните „жолти“.

Капитенот Дамјан Стојановски беше творец на триумфот. Не само затоа што уфрли 24 поени и беше убедливо најефикасен, туку и бидејќи погодуваше кога беше најпотребно и најкритично. Дамјан даде тројка за 66-62 на 55 секунди до крајот, погоди за 68-64 на 22 секунди до крајот, а имаше мирна рака од линијата за слободни на четири секунди до крајот, кога ја потврди победата. Бојан Крстевски придонесе со 12 поени и 8 скока, а Андреј Магдевски имаше 9 поени, 8 скока, 7 украдени топки и пет асистенции.

- Оглас -

Најнови вести