Шумахер: Хамилтон е полош возач од Расел и тоа мора да го прифати

Стартот на новата сезона во Формула 1 е далеку под очекувањата за Луис Хамилтон и Мерцедес. Седумкратниот светски првак се мачи со најслабите болиди во задниот дел на трките, а подобрување барем засега нема.

Ралф Шумахер, братот на легендарниот Мајк, смета дека Луис треба да ја прифати улогата на втор возач во тимот.

„Јасно е дека Хамилтон е полош возач од Џорџ Расел и тоа мора што побргу да го прифати. Тоа ќе биде најдобро за Мерцедес и за возачите, но не сум сигурен колку лесно ќе биде остварливо“, изјави Ралф.

Тој возеше 10 години во Формула 1 шампионатот, и тоа за тимовите на Џордан, Вилијамс и Тојота.

- Оглас -

Најнови вести