Швајцарците не беа џентлмени, го исфрлија гостинот од Лихтенштајн од Првата лига

Последното коло во најсилната швајцарска лига беше само ревијално за екипите што ќе играат во еврокуповите, шампион е Јанг Бојс, а Базел и Сервет уште претходно знаеја дека ќе играат во Европа.

Затоа битката за опстанок беше интересна и се случи пресврт, па Сион, кој го почна последното коло со еден бод помалку од Вадуз се спаси со неочекувана победа од 4:0 против Базел, а испадна гостинот од Лихтенштајн.

Вадуз е единствената екипа во Швајцарија што доаѓа од друга земја, но дозоволено им е да играат кај соседите. Вечерва не беа миленици на швајцарските ривали и испаднаа по поразот од Цирих на гости со 1:4.

Нов прволигаш е најтрофејниот швајцарски клуб Грасхоперс, кој има 27 титули, а со првото место во Втората лига си обезбеди настап со швајцарската фудбалска елита.

За популарните Скакулци игра и нашиот репрезентативец Никола Ѓорѓев, кој имаше одлична сезона со 7 гола и 9 асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести