Швајцарците во страв, на СП во Катар може ќе треба да одат без својот најсилен адут!

Првиот голман на швајцарската репрезентација, Јан Зомер, кој долги години е број 1 во својот национален тим, можеби нема да брани на претстојното Светско првенство во Катар.

Ако се случи тоа, Швајцарија ќе има голем хендикеп бидејќи Зомер со своите одбрани има спречено многу порази на тимот во минатото, а носел и победи со одбранети пенали во некои пенал-серии на големите натпреварувања.

Зомер синоќа на меч од Купот на Германија, при еден доскок го повреди глуждот и мораше да излезе од игра.

До почетокот на СП има уште околу еден месец и ако повредата е посериозна, Зомер нема да може да брани во Катар, каде што Швајцарија е во тешка група со Бразил, Србија и Камерун.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести