Шведска ја растури Унгарија, нема да има медал за вториот домаќин на Мундијалот, Полска

Шведска ја растури Унгарија со 37:28 и е на прагот на пласман во четвртфиналето, а за настап таму веќе нема шанси вториот домаќин на ракометниот Мундијал, Полска, по поразот од Шпанија со 27:23.

Швеѓаните кои заедно со Полска го организираат Светското првенство лесно и многу убедливо ја победија Унгарија и со максимален број на бодови, шест, се лидери во Втората група во втората фаза на турнирот.

Им треба уште една победа за да бидат сигурни четвртфиналисти, а потоа со уште една победа да играат и за медали.

Хампус Ване со 9 гола ги преводеше Трите круни до нов триумф, а по шест гола дадоа Јохансен и Лагергрен.

Со максимален учинок лидер во Првата група е и Шпанија, по победата вечерва против вториот домаќин Полска со 27:23.

Шпанците имаа контрола на мечот и се многу блиску до настап во завршницата и битката за медали, а имаат ист број на бодови како и Франција и со нив и против Словенија ќе ја одлучуваат својата судбина во последните две кола.

Душебаев и Фернандес со по 4 гола беа најефикасни кај Црвената фурија, а Шичко со 7 погодоци беше најефикасен на мечот и во таборот на Полска.

- Оглас -

Најнови вести