Шведска направи нешто што не беше видено 28 години (Видео)

Репрезентацијата на Шведска со победата над Шпанија од 2-1, на некој начин испиша историја бидејќи ова е прв пораз за Шпанците во квалификациски меч за Светско првенство од 1993 година наваму. Црвената фурија сега е во непријатна положба, има два бода помалку од Шведска, а Швеѓаните имаат и еден меч помалку, а на СП директно оди само првиот од групата.

Шпанија во 1974 година за последен пат не учествуваше на Мундијал.

Од топ-фаворитите, потфрли и европскиот првак Италија, која дома ремизира со Бугарија. За Италија ова е 35-ти меч по ред без пораз, но бодот против Бугарија е неуспех. Белгија даде 5, Англија и Полска по 4 гола. На другите два меча од групата Ј, во која е и Македонија, Романија и Германија победија како гости со по 2-0 против Исланд, односно Лихтенштајн.

Ова е голот за победа на Шведска, го даде Клаесон по одличната акција и асистенција на Кулушевски:

- Оглас -

Најнови вести