Шведски третолигаш најде „дупка“ во правилото за офсајд, може да се случува напаѓачите често да бидат сами пред противничкиот голман (Видео)

Фудбалот е едноставна игра, а од сите правила кои постојат во најважната споредна работа на светот, најтешко е да се објасни што е офсајд. Токму ова правило за офсајд-позиција во последните неколку години постојано беше процес на промена.

Интернационалната фудбалски асоцијација борд (ИФАБ) е телото кое е задолжено за промена на правилата во фудбалот, а многумина сметаат дека уште не е точно најдено вистинското решение за офсајд-позиција.

Шведскиот третолигаш Торнс пронајде дупка во правилото за офсајд, кое може да го натера ИФАБ повторно да прави корекции. Од Торнс велат дека пронашле револуционерен метод кој ги уништува сите тактики за да се фати напаѓачот во офсајд-позиција и лесно може да се создаде позиција на офанзивниот играч да биде „еден на еден“ со противничкиот голман.

Конкренто, Правилото 11 од фудбалската игра за офсајд се фокусира на еден дел. Од сезоната 2018/19 во правилото за офсајд е внесена фуснота во која стои дека се прави проценка дали играчот бил во задното поле, при одредувањето на точниот момент во кој топката била насочена кон него „треба да се искористи првата контактна точка на „играње“ или „допирање“ на топката“.

Кога во ВАР-собата ја разгледуваат спорната ситуација, се смета дека топката е насочена кон играчот не во моментот кога ја напушта копачката на играчот кој ја додава топката, туку во моментот кога додавачот прв ја допрел во тоа движење на додавање на топката. Звучи банално, но со сантиметарска заднина е многу важно да се одреди во кој момент го замрзнуваме снимањето.

Тренерот на шведскиот третолигаш се сетил на една генијална идеја и тоа дека може да се искористи „дупката“ во ова правило за офсајд. Тој им испратил и снимка на луѓето од ИФАБ во која ја објаснува целата ситуација и побара потврда дека овој вид додавање нема да се смета за офсајд.

Ако се потврди дека ова додавање не создава офсајд-позиција, многу лесно може да се случи во фудбалот да се создаде „Торнс додавање“, како што пред неколку децении се појави „пеналот Паненка“ по ударот на познатиот чехословачки фудбалер Антоан Паненка.

Преписката меѓу луѓето од шведскиот третолигаш Торнс и луѓето од ИФАБ ја пренесуваме во целост.

ИФАБ: „Ова е забавно и интересно! Во однос на „духот“ на Правилото, ова е јасно задно поле и во однос на самото Правило, „балансирањето“ на топката на ногата е различно „игра“ од движењето што ѝ дава импулс на топката да се движи“.

Торнс: „Правно, се согласуваме дека тоа би можело да бидат две различни игри („балансирање“ и „подавање“). Сепак, овој тип додавање може да трае една секунда додека топката е во континуиран контакт со стапалото. Кој момент тогаш треба да се смета за прва точка на контакт?“

ИФАБ: „Како и со сите аспекти на Правилата на играта, не може да се наброи секое сценарио и затоа мора да се применат „духот“ и „намерата“ на правилата. Во овој случај, играчот е во задното поле кога топката го започнува своето „патување“.

Торнс: „Но, ова сценарио е наведено во правилата, па како го дефинирате почетокот на додавањето на топката? Дали е тоа кога започнува акцијата за додавање, т.е. кога стапалото (и топката) почнува да се движи напред или кога топката ја напушта ногата?

ИФАБ: „Почетокот на додавањето на топката е кога движењето/дејството на стапалото ѝ дава енергија на топката да се оддалечи од стапалото“.

Торнс: „Значи, да заклучиме: за „нормално“ додавање треба да ја искористите првата допирна точка, за „долго“ додавање треба да го искористите движењето/дејството на стапалото кое ѝ дава енергија на топката да се оддалечи од стапалото. Зарем тоа не е исто како последната точка на контакт?“

ИФАБ: Вашите заклучоци се точни. Ќе разгледаме дали текстот на правилото 11 треба да се промени во светлината на оваа „теоретска“ ситуација.

Торнс: Го цениме вашето размислување за ревидирање на текстот на правилото 11.

- Оглас -

Најнови вести