Шведските ракометари биле уплашени од македонските судии и затоа не протестирале по примениот спорен гол против Франција

Репрезентацијата на Шведска денеска ќе игра за бронзениот медач на Европското првенство против Германија, но ракометарите на оваа земја уште жалат што не се во финалето. Шведска водеше со два разлика на 40-тина секунди пред крајот против Франција, но Галските петли на неверојатен начин се спасија од пораз.

Пранди даде гол за реми во последната секунда од мечот, а многумина сметаат дека тој погодок што го признаа македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов е нерегуларен.

Најдобриот играч на Шведска, Џим Готфридсон објасни зошто тој и останатите негови соиграчи не се бунеле за примениот гол.

„Ако решивме многу да се буниме, Македонците ќе исклучија некој од нашите играчи, па во продолженијата ќе бевме со играч помалку. Од оваа дистанца гледано, ќе беше многу подобро да се буневме, затоа што во продолженијата одигравме многу лошо. Ги прашавме судиите зошто не сакаат да користат видео снимка, но тие едноставно не сакаа да ни одговорат на тоа прашање“, вели Готфридсон, кој додаде дека кога жестоко реагирале за една судиска одлука на дуелот против Данска, добиле предупредување од ЕХФ дека така не смеат да се однесуваат.

Готфридсон откри дека таа вечер едноставно не можел да спие и дека заспал во два часот после полноќ, а се разбудил само три часа подоцна и повеќе не можел да спие.

- Оглас -

Најнови вести