Швеѓаните се креативни – И во шума може да се бодри омилениот тим (Видео)

Навивачите на Сундсвал се снајдоа на многу интересен начин за да ги бодрат своите миленици на стартот од новата сезона.

Од блиската шума која се простира непосредно над една од трибините, симпатизерите на Сундсвал направија спектакуларно пиротехничко шоу во знак на поддршка на своите миленици.

The fans of Sundsvall (swedish second division) got creative in a try to support their team with the restrictions from soccer

Во Шведска нема навивачи на трибините поради пандемијата со корона-вирусот, но симпатизерите на фудбалот се снаодливи.

Играчите на Сундсвал возвратија на поддршката со стартна победа од 3:1 против Умеа.

 

- Оглас -

Најнови вести