Швеѓанките ја декласираа Португалија, заедно со Холандија се пласираа во четвртфиналето на ЕП (Видео)

Првиот европски првак во женски фудбал, селекцијата на Шведска е четвртфиналист заедно со Холандија како две првопласирани репрезентации од Ц групата на континенталниот шампионат што се игра во Англија.

Швеѓанките ја декласираа Португалија со 5:0 и го освоија првото место со 7 бода, колку што има и второпласираната Холандија по победата од 4:1 против Швајцарија во последното коло во фазата по групи.

Филипа Ангелдал ги постигна првите два гола за Шведска, а првото полувреме заврши со убедлива предност на Швеѓанките по автоголот на Коста во седмата минута од продолжението во првото полувреме.

Автоголот на Коста можете да го погледнете ОВДЕ. 

По еден гол постигнаа и Косоваре Аслани од пенал во 54. минута и Блекстениус во последните моменти од мечот.

Холандија ја победи Швајцарија со 4:1 со головите на Лохтер, на Ван Дер Грагт и на Пелова, а автогол со постигна Црногорчевиќ, додека стрелец на почесниот погодок за Швајцарија беше Ројтелер.

На овој меч е урнат рекордот според посета на публика на меч на Европско првенство на кој не играл домаќинот на шампионатот, а на трибините на „Брамал Лејн“ имаше точно 22.596 гледачи.

- Оглас -

Најнови вести