Си тера по свое: Роналдо одби да тренира со резервите, отиде со стартерите во теретана!

Кристијано Роналдо не се чувствува резерва во португалската репрезентација, па денеска тој направи скандал и одби да тренира со останатите резерви кои не играа, или како него, што влегоа подоцна на синоќешниот дуел против Швајцарија.

Наместо тоа, Роналдо замина во вежбална и работеше заедно со 11-те стартери кои го почнаа мечот со Швајцарија.

За потсетување, за Роналдо заврши серијата од 31 меча на големите натпреварувања на кои тој бил стартер, не ја прифати убаво улогата на резерва, а после мечот, не сакаше да го поздрави навивачите, туку веднаш замина во соблекувална.

Селекторот Фернандо Сантош има проблем, останува да се види како ќе го реши, дали со ново оставање на клупа на Роналдо, или ќе го врати меѓу стартерите за четвртфиналето. Португалија покажа дека е силна и без својот најдобар стрелец.

- Оглас -

Најнови вести