Сигурица на вечерта е финалето во НБА лигата

Финалето во НБА-лигата стана повозвудливо откако Милвоки на свој терен покажа сила и славеше над Феникс за намалување на 1:2 во победи, во серијата подобар од седум меча. Милвоки е домаќин и во четвртиот дуел што се игра ноќеска.

Според коефициентите во Sport Life, Бакси се многу поблиску да стигнат до 2:2 во победи отколку гостите да направат изненадување.

Тоа што е посебно впечатливо за овој дуел е дека основната граница за постигнати вкупно поени на средбата е на 220,5. Во последниот меч беа дадени точно 220 поени (Милвоки славеше со 120:100), но тоа што е интересно е дека на претходните осум дуели, седумпати имало над 220 поени вкупно, а еднаш границата застана на 219 поени.

Според оваа традиција, вечерва може да очекуваме ефикасен меч со надминување на границата од 220 поени од страна на двете екипи.

Последни девет мечеви меѓу Милвоки и Феникс

Милвоки – Феникс 120:100

Феникс – Милвоки 118:108

Феникс – Милвоки 118:105

Милвоки – Феникс 127:128 (116:116)

Феникс – Милвоки 125:124

Феникс – Милвоки 140:131

Милвоки – Феникс 129:108

Феникс – Милвоки 114:105

Милвоки – Феникс 114:116

 

- Оглас -

Најнови вести