Сиксерс си го оправда прекарот, имаше шест играчи на терен, но и судиите не се слепи (Видео)

За време на дуелот од НБА лигата помеѓу Филаделфија 76ерс и Чикаго булс, популарните Сиксерс дадоа тројка, стрелец беше Фуркан Коркмаз, но судиите ја поништија, затоа што во дел од акцијата домашниот тим на терен имаше не пет, туку шест кошаркари.

Еден играч се „моташе“ под кошот и потоа тргна кон клупата, но штетата веќе беше направена, па по реакцијата на гостинскиот тренер Џим Бојлен, судиите мораа да ја поништат тројката на Турчинот, и досудија техничка лична грешка. Трикот на Филаделфија не успеа, но тие сепак го добија мечот.

И вечерва во Sport Life можете да се обложите на еден куп натпревари и кошаркари од НБА лигата.

- Оглас -

Најнови вести