Трагедија – Силекс прими гол во последната минута од судиското продолжение и испадна (Видео)

Фудбалерите на Силекс немаа среќа и со гол примен во 95-тата минута загубија од Петрокуб со 1:0 и испаднаа во првото квалификациско коло за настап во Конференциската Лига на Европа.

Даниел Божиновски, кој бранеше извонредно, направи голем кикс во петтата минута од судиското продолжение. Голманот на Силекс погрешно го процени летот на топката и со гол за победа и пласман понатаму за Петрокуб го казни Платица во претпоследната од шесте минути во судиското продолжение.

Единствениот гол на мечот во Кишињев можете да го погледнете ОВДЕ.

Во Скопје на првиот меч беше 1:1, а Силекс за една минута не издржа за да игра продолженија и е елиминиран.

Во регуларниот дел гостите од Македонија претежно се бранеа, а особено се истакна токму Даниел Божиновски. Одбрани неколку тешки удари во меч на кој домаќините изведоа дури 17 корнери, наспроти Силекс, кој немаше ниту еден.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести