Силен е пламенот на Калгари, ќе ги засени ѕвездите на Далас

Демјен Лилард (Чикаго булс – Портланд трејлблејзерс, НБА 01 часот)

На Портланд му треба победа за да го одбрани третото место во Западната коференција, а кандидати за да го престигнат има доста, па бодовите за Трејлблејзерс се неопходни.

Ситуацијата не им е розова, имаат многу проблеми со повредите на клучните кошаркари. Си-Џеј Меккалум нема да игра, а сезоната заврши за Јусуф Нуркиќ, кој е опериран по скршеницата на ногата. Тоа се двајца стартери кои не играат, а товарот ќе падне на првата ѕвезда во тимот, Лилард.

Тој е Олстар-калибар и може со добра игра да ги мотивира и останатите кошаркари да издржат и да стигнат до плејофот со трета стартна позиција на Западот.

Предлог тип: Лилард > 28.5 поени (1.80)

 

Феникс санс – Вашингтон визардс (НБА, 03 часот)

Дуел на две екипи кои нема да играат во плејофот, па мотивите се на пониско ниво, но регуларниот дел мора да се доигра.

Кога нема императив, најчесто се игра без многу филозофирање, се практикува брза кошарка со многу поени, а и онака Феникс и Вашингтон се „мераклии“ за ран-енд-ган кошарка.

Би требало да гледаме интересен дуел меѓу два одлични бека. Бредли Бил игра одлична сезона без разлика што Визардс не успеаја да стигнат до доигрувањето за титулата, а и Девон Букер блеска кај Феникс. Очекуваме нивна пресметка и трка кој ќе постигне повеќе поени и, секако, ефикасен меч во арената „Токинг Стик Рисорт“ во Феникс.

Предлог тип: > 227.5 поени (1.78)

 

Јута џез – Лос Анџелес лејкерс (НБА, 03.30 часот)

Во поинаква ситуција ова би било големо дерби на западот во НБА-лигата, но сега двете екипи се во сосема различно расположение. Јута ќе игра во плејофот, а има шанси ако ја задржи формата, да се надева дури и на третата позиција, иако моментно е шеста.

Лејкерс немаат шанси за настап во доигрувањето и битката за титулата, имаат и доста повредени кошаркари, па се аутсајдери против забревтаниот состав на Јута. Домаќините имаат 7 победи на послендите 8 меча и речиси сите ги добиваа со голема разлика.

Кај гостите, малку и чудно, се инсистира на поголема минутажа на Леброн Џејмс, веројатно за да се покаже дека се штима како што треба во составот, но реалноста е малку поинаква. Ова е неуспех за Лејкерс, а очекуваме Јута, која има за што да игра и има квалитетен ростер, да ги победи гостите со двоцифрена разлика.

Предлог тип: 1 со хендикeп 14.5 поени (1.83)

 

Бостон бруинс – Њујорк ренџерс (НХЛ, 00.30 часот)

Ова е меч на две екипи од оригиналната шесторка што се основачи на НХЛ-лигата и секогаш е дерби, без разлика на моментната позиција на табелата и на ситуацијата во двата табора.

Бостон ќе игра во плејофот и има екипа за највисоки дострели, а Ренџерс ќе одморат бидејќи немаат шанси за пробив меѓу осумтте најдобри на Истокот.

Бруинс играат одлично во овој период, имаат четири победи на последните пет натпревари. И ноќеска ќе бидат фаворити против Њујорк, но во НХЛ нема предавање и без разлика што не се во комбинација за доигрувањето, гостите ќе атакуваат на победа. Очекуваме ефикасен меч на два големи ривали и победа на Бостон.

Предлог тип: 1&5+ (1.95)

 

Калгари флејмс – Далас старс (НХЛ, 02.30 часот)

Калгари е лидер во Западната конференција во НХЛ-лигата и ја мина и стотката со бодови, што е одличен учинок за нив. Имаат страшен стартен напад со Гудро, Монахан и Линдхолм, а и целиот ростер им е за респект. Гудро е во топ 10 според бројот на поени, кои се комбинираат од головите и асистенциите, и му фалат уште 8 да ја исполни квотата 100.

Уште четворица хокеари на Калгари се во топ 50 во НХЛ, што потврдува дека се опасни во нападот за секоја одбрана во НХЛ. Малку ги размрда поразот од Лос Анџелес кингс, но се фаворити против Далас, иако тој им е еден од најнезгодните ривали во лигата.

Калгари има лоша серија од пет порази од Далас, гостите ноќеска ќе настапат без неколку важни хокеари и ќе типуваме прекин на серијата и победа на лидерот во Западната конференција.

Предлог тип: 1 (2.10) Супер тип Sport Life

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести