Силесен направи глупост, потоа ја удри главата во статива, знаејќи дека неговиот тим ќе загуби поради него (Видео)

НЕЦ Најмеген дома загуби од Херенвен со 3:2, а најголем виновник за овој неуспех на домаќините е нивниот голман, Јаспер Силесен. НЕЦ водеше со 2:1, а Херенвен не се предаде и стигна до 2:2 во 83 минута.

Се играше 87 минута кога Ван Хојдонк донесе победа за гостите и тоа поради катастрофалната грешка на домашниот голман. Некогашниот чувар на мрежата на Барселона, Силесен имаше лоша проценка, кога мислеше дека топката ќе оди во гол-аут, па едноставно ја остави топката да излезе, но се шокираше кога виде дека таа заврши во мрежата.

Силесен во неверување ја фати стативата, а потоа се удри со главата во стативата. За среќа, Силесен остана неповреден, но неговиот тим загуби.

- Оглас -

Најнови вести