Силва и Анчелоти повторно заедно?

Тијаго Силва, искусниот стопер на ПСЖ, доби конкретна понуда од Евертон да заигра во Премиер лигата и повторно да соработува со Карло Анчелоти. На бразилскиот дефанзивец му истекува договорот со ПСЖ по крајот на овој месец, по што ќе биде слободен играч, а Карамелите се обидуваат да го обезбедат неговиот потпис.

Евертон му нуди двегодишен договор на Силва со неделна плата од 83.000 фунти, со тоа што втората година од договорот ќе се активира доколку Бразилецот запише 25 настапи во првата сезона.

За 35-годишниот Силва ова е една од ретките шанси да заигра во англиското првенство при залезот на кариерата, а воедно повторно да биде покрај стратегот Анчелоти по нивната соработка во Париз.

- Оглас -

Најнови вести