Симеоне: Ако Коста навистина тоа му го рекол на судијата, заслужено добил црвен картон

Барселона полека но сигурно може да започне да подготвува шампионско славје за трофејот во Примера дивисион. Каталонскиот гигант е на прагот да го одбрани тронот, откако синоќа во директен дуел со главниот ривал Атлетико Мадрид, победи со 2:0 на „Камп Ноу“. 

Домаќините дури во последните пет минути го скршија отпорот на жилавите гости од Мадрид. Луис Суарес и Лионел Меси погодија за радост и двоцифрена предност на нивниот тим во однос на „јорганџиите“.

За Барселона дополнително беше очеснета работата, откако гостите уште во 28 минута останаа со играч помалку, по исклучувањето на Диего Коста. Напаѓачот на Атлетико, доби директен црвен картон поради гнасни навреди кон судијата Хесус Хис.

За тоа колку гнасни работи му рече Коста на судијата, може да прочитате ТУКА. 

По завршување на мечот, тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, беше запрашан да го коментира исклучувањето на неговиот играч. Симеоне имаше краток и јасен одговор.

„Ако навистина тоа му го рекол на судијата, тогаш сосема заслужено е исклучен“, рече Симеоне по поразот на неговиот тим на „Камп Ноу“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести