Симеоне: Челзи не покажа слабости со Тухел

Атлетико Мадрид ќе се обиде да го поправи впечатокот во реваншот против Челзи откако Јорганџиите потфрлија во првата осминафинална средба и загубија со 0-1.

Диего Симеоне, тренерот на моменталниот лидер во Ла Лига, знае дека ќе биде тешко да се издвои позитивен резултат на „Стемфорд бриџ“, особено што Сините не покажаа многу слабости откако Томас Тухел ја презеде клупата.

„Челзи моментално речиси да нема слабости. Откако Тухел е нивен тренер, екипата не знае за пораз, а прашање е дали тие ќе загубат до крајот на сезоната со оглед на тоа како играат организирано. Особено се добри кога играат на домашен терен, но ние секако ќе се обидеме да ја наметнеме нашата замисла и да го поминеме овој тежок предизвик“, истакна популарниот Чоло.

Реванш-дуелот е закажан во стандардниот термин од 21 часот, а во исто време ќе се игра и средбата меѓу Баерн Минхен и Лацио.

- Оглас -

Најнови вести