Симеоне: Јувентус не е само Кристијано Роналдо

Атлетико Мадрид има капитална предност од 2-0 пред реванш-мечот против Јувентус во осминафиналето на Лигата на шампиони. Мадриѓани се познати како екипа која многу тешко прима голови, па затоа оваа позитива од два гола е вистинско богатство. Јувентус никогаш досега не анулирал 0-2, но „старата дама“ сигурно нема да се предаде само поради традицијата.

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, е претпазлив и не сака неговите играчи воопшто да се релаксираат и да помислат дека ќе биде лесно во Торино.

„Првиот меч е само еден дел, а вториот меч е сосема различен. Сите се обидуваме да се подготвиме и добро да се организираме за дуелот, но фудбалот се состои и од некои ситни детали кои не може да се предвидат“, рече Симеоне, кој има проблеми со повредени играчи.

Симеоне е познат како вистински воин и сигурно нема да дозволи доколку некој играч не игра, да се создаде празнина на таа позиција. „Ќе се обидам да составам тим кој ќе може да функционира на најдобар можен начин. Ќе видам од играчите кои ги имам на располагање. Годин е во ред и тренираше. Ќе бидеме подготвени за борба против многу квалитетен ривал. Јувентус не е само Кристијано Роналдо. Тука се и Бернардески, Дибала, Даглас Коста, Марио Манџукиќ… Затоа мора да бидеме максимално фокусирани“, вели Симеоне.

- Оглас -

Најнови вести