Симеоне објасни зошто морал да игра во формација 5-5-0, која му донесе еден неславен рекорд

Диего Симеоне повеќе од 10 години е на чело на Атлетико Мадрид и од клупата ги предводел Јорганџиите дури на 570 натпревари во сите натпреварувања. Од толку многу средби, синоќа беше првпат Атлетико на Симеоне да нè упати ниту еден удар кон противничкиот гол. Тоа се случи на гостувањето кај Манчестер сити во меч од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Шпанскиот стратег во добар дел од мечот играше во формација без ниту еден напаѓач, односно по петмина во две дефанзивни линии, а потоа објасни дека така морал да игра поради силата на противникот и опасниот напад што го има Сити. Тренерот на Атлетико сепак најави дека во реваншот неговиот тим ќе се обиде да нападне и да го победи големиот ривал.

„Мечот беше многу тежок. Манчестер сити е можеби најдобриот тим во светот. Ние одигравме добар меч. Сакавме да се браниме, да го намалиме просторот за игра на противникот и да ги нападнеме во контранапади. Сепак, кога се обидовме да нападнеме, примивме гол. Во реваншот сигурно нема да играме толку дефанзивно, но факт е дека Манчестер сити повторно ќе напаѓа. Тие во еден момент од игра извадија тројца одлични играчи и на нивно место влегоа тројца исто така квалитетни фудбалери. Признавам дека е за уживање да се гледа како игра Манчестер сити. Сепак, ние мора да најдеме начин како да ги победиме во реваншот“, рече Симеоне.

- Оглас -

Најнови вести