Симеоне открива: Погрешно правило на УЕФА ни помогна да го елиминираме Ливерпул

Атлетико Мадрид се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампиони откако по 120 минути борба на „Енфилд роуд“, го елиминираше актуелниот првак Ливерпул. Шпанскиот тим загуби со 1:0 по регуларните 90 минути, резултат со кој Јорганџиите победија на свој терен, па мораше да се играат дополнителни 30 минути.

Токму во тие 30 минути, Атлетико одигра феноменално и даде три гола за пласман меѓу осумте најдобри со вкупна победа од 4:2.

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, вели дека лошото правило на УЕФА му помогнало на шпанскиот тим да оди понатаму. Симеоне открива дека се залага за промена на тоа правило кое во иднина може да биде на штета и на неговиот тим.

„Ова што сега ќе го речам, ќе го повторам и на следниот состанок на тренерите на УЕФА. Мислам дека е неправедно тоа што имавме 30 минути продолженија, во кои успеавме да дадеме три гола на гости. Ливерпул не доби шанса од 30 минути плус на првиот меч за да постигне погодок на гости. Наша корист беше тоа што добивме уште 30 минути плус за да дадеме гол на гостински терен, а Ливерпул тоа го немаше. Затоа тоа не е чесно. Овојпат правилото беше наклонето на наша страна, но во иднина може и нас да нѐ чини елиминација“, рече Симеоне.

Тренерот на Атлетико како главен херој на тимот го посочи голманот Јан Облак, кој бранеше феноменално и го спореди со Лионел Меси.

 

- Оглас -

Најнови вести