Симеоне се закани по шокот: Ќе ја исправам грешката, доколку сум тука следната сезона

Сосема неочекувано Атлетико Мадрид претрпе елиминација нисколигашот Корнеља во втората рунда од Купот на Кралот, по што Диего Симеоне немаше многу оправдувања.

Иако Јорганџиите сезонава делуваат како главен конкурент на Реал Мадрид во трката за титулата во Ла Лига, шокот во раната фаза од шпанскиот куп може да биде причина што во иднина Чоло нема да биде тренер на тимот.

„Ќе се обидеме да ја исправиме грешката, доколку сум тука следната сезона. Фудбалот е многу промелив и мора да бидете подготвени на сите можни сценарија“, посочи Симеоне.

Очигледно ова делува како закана кон управата од која Симеоне бара да му обезбедат средства за засилувања во зимскиот преоден рок, со цел екипата да го задржи кралитетот и да продолжи со походот кон врвот во Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести