Симева и Ивановски ќе бијат битка за седмото место во Европа

Калин Ивановски го доби првиот сет против полскиот тенисер Олаф Пјечковски, но потоа немаше сила за да ја комплетира победата на тенискиот Мастерс на Европа за играчи на возраст до 14 години.

По 6:2 за македонскиот талент, следеше одговор од Полјакот, кој ги доби следните два сета со 6:0 и 6:2 и ќе игра за петтото место.

Ивановски загуби и во првото коло, од вториот носител Метју Вилијам Доналд, па утре ќе игра за седмото место во Европа.

Во иста позиција ќе биде и Александра Симева, по вториот пораз, денеска од Сабина Зејналова. Украинката беше подобра и победи со 6:2, 7:5.

Утре Симева ќе игра против Селин Наеф за седмото место на турнирот во Реџо Калабрија, а Ивановски за противник ќе го има поразениот од дуелот меѓу Чиаварела и Пјечонка.

- Оглас -

Најнови вести