Најдобрите македонски тенисери до 14 години, Александра Симева и Калин Ивановски, загубија од вторите носители на Мастерсот во Реџо Калабрија.
Симева е поразена од Катерина Димитрова со 6-0, 1-6, 1-6, а Ивановски од Метју Доналд со 4-6, 1-6. Утре двајцата разигруваат за пласман од 5-то до 8-мо место на Мастерсот. Противник на Ивановски ќе биде Олаф Пјечковски, а Симева ќе игра со Евијалина Ласкевич или Сабина Зејналова.
И самото учество на турнирот е успех, бидејќи на Мастерсот до 14 години играат најдобрите 8 во Европа за 2018 година.
На овој Мастерс во Реџо Калабрија во 2000 година има учествувано и победено светскиот рекет број 1, Рафаел Надал.