Симулацијата покажа: Три репрезентации кои беа во квалификациите со Македонија, ќе играат во осминафинале на ЕП 2024

Вчера во Хамбургер беа извлечени групите за Европското првенство кое следното лето ќе се игра во Германија. Засега се познати 21 од потребните 24 селекции за настап на континентален собир, а последните три учесници ќе се знаат дури по одигрување на бараж дуелите од Лигата на нации.

Иако уште не се знаат сите учесници, компјутерски веќе беше направена симулација за тоа кои репрезентации ќе ја поминат групната фаза и ќе бидат дел од осминафиналето.

Според направената анализа, Украина која е дел од баражот во Б дивизијата, не само што ќе биде најдобра во баражот и ќе се пласира на ЕП 2024 година, туку потоа таа и ќе ја помине групната фаза и ќе биде дел од најдобрите 16 на континентот.

Симулацијата покажа дека во осминафиналето ќе бидат и селекциите на Англија и Италија, кои заедно со Украина беа дел од ривалите на Македонија во квалификациите за ЕП 2024.

Според вчерашната ждрепка, во групната фаза на ЕП 2024 година ќе играат селекциите распоредни во овие групи:

Група А: Германија, Унгарија, Шкотска, Швајцарија.

Група Б: Шпанија, Албанија, Хрватска, Италија.

Група Ц: Англија, Данска, Словенија, Србија.

Група Д: Франција, Австрија, Холандија, победник од баражот А (Полска, Естонија, Велс, Финска)

Група Е: Белгија, Романија, Словачка, победник од баражот Б (Украина, БиХ, Израел, Исланд)

Група Ф: Португалија, Турција, Чешка, победник од баражот Ц (Грција, Грузија, Казахстан, Луксембург).

- Оглас -

Најнови вести