Јаник Синер е освојувач на Мастерс турнирот во Индијан Велс, во финалето во калифорниската пустина го совлада Русинот Данил Медведев со 7-6, 7-6 и испиша историја. Во тајбрејкот во вториот сет, Медведев водеше 4-0, но Синер направи пресврт и не дозволи да има трети сет.
Италијанецот стана првиот тенисер во историјата на Мастерс 1000 турнирите (почнаа да се играат во 1990 година), кој освои два Мастерси по ред без загубен сет. Тоа му успеа и во Париз, како и сега во Индијан Велс.
Синер првпат триумфира во Индијан Велс и им се придружи на Новак Ѓоковиќ и Роџер Федедер на листата на играчи кои во своите кариери ги освоиле сите шест турнири од Мастерс 1000 серијата кои се играат на тврда подлога.

