Синер го освои Синсинати и направи огромна предност пред Ѓоковиќ на АТП-листата

Италијанецот Јаник Синер го победи Френсис Тијафо со 7-6, 6-2 во финалето на Мастерсот во Синсинати и се зацврсти на првата позиција на АТП-листата.

Синер од понеделник ќе има дури 2.300 поени повеќе од второпласираниот Новак Ѓоковиќ. Веројатно ни самиот Ѓоковиќ не се сеќава кога последен пат имал вакво големо заостанување, а разликата може да биде и уште поголема по Отвореното првенство на САД бидејќи Новак таму лани ја освои титулата и годинава брани 2.000 поени, а Синер брани само 180 поени.

Ѓоковиќ до крајот на годината брани дури 4.300 поени и многу тешко дека ќе се врати на првата позиција пред Нова година, па во следната 2025 тоа ќе му биде една од целите.

- Оглас -

Најнови вести