Синер му одржа лекција на Алкарас, но ако сака да го освои турнирот во Пекинг, мора да слави над тенисерот кој никогаш не го победил

Младиот италијански тенисер Јаник Синер ќе се обиде да го сруши „проклетството“ во дуелите со Данил Медведев, и тоа во меч од финалето на АТП-турнирот во Пекинг. Овие двајца тенисери денеска ќе играат во меч за трофејот откако беа безгрешни во досегашниот дел од турнирот.

Синер се пласира во финалето, откако го победи фаворизираниот Карлос Алкарас со 2:0 во сетови. Иако Алкарас важи за играч од кого се очекува во следните години да доминира на светската сцена, сепак кога за ривал го има Синер, не може да се спротивстави како што посакува. Силер и Алкарас досега одиграле осум меча, а резултатот е 4:4 во победи.

Ако Алкарас е играч кој „му лежи“ на Силер, тогаш Медведев е вистински кошмар за 22-годишниот Италијанец. Силер и Медведев имаат одиграно шест меча и на сите шест подобар бил рускиот тенисер. Во шесте меча Синер има освоено само три сета против Медведев, па Италијанецот има дополнителен мотив во Пекинг да покаже дека има сили конечно да го победи овој ривал.

- Оглас -

Најнови вести