Синер зборуваше за допинг скандалот: Правилата за сите се исти, но јас не направив ништо лошо

Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја игра најдобрата сезона во кариерата. На почетокот од 2024 година тој се израдува на првиот освоен гренд слем трофеи и тоа во Австралија, откако успеа од тронот да го симне Новак Ѓоковиќ. Потоа следуваше освојувањето на првото место на АТП листата, каде дојде до убедлива предност пред конкурентите, а во меѓувреме освои уште неколку значајни турнири.

Сепак, сега дојде тешко време за Синер, откако беше откриено дека два пати паднал на допинг тест. Во крвта му била пронајдена мала, но сепак недозволена количина на клостебол, стероид кој се користи за зајакнување на мускулната маса. Осум дена по првиот тест бил направен и втор тест и тој бил позитивен.

Синер веднаш се жалел на резултатите, а Меѓународната тениска агенција за интегритет (ИТИА) потенцира дека Синер не сноси вина и одговорност за позитивните наоди од тестирањето и во двата случаи жалбата му била уважена. Неговиот физиотерапевт Џакомо Налди кој има расекотина на малиот прст, ненамерно го контаминирал Синер со недозволениот спреј.

Италијанскиот тенисер смета дека е невин и јавно тоа го кажа, иако додаде дека правилата треба да важат за сите подеднакво.

„Во својот мозок знам дека не сум направил ништо лошо. Морав со месеци да играм со тоа во моите мисли, но постојано си повторував дека не сум направил ништо лошо. Скогаш ги почитувам правилата и секогаш ќе ги почитувам посебно тие кои се за борба против допингот. Секој играч кој ќе биде позитивен на тестирање мора да помине низ истиот процес. Нема друг третман, така е за сите исто. Забрана нема затоа што јас и мојот тим брзо го лоциравме проблемот и од каде настанала контаминацијата и реагиравме кај антидопинг агенцијата. Тоа беше многу тежок момент за мене и мојот тим. И уште е. Сега дознав и кој ми е пријател, а кој не. Моите вистински пријател знаат дека јас никогаш не би земал нешто што не е дозволено“, рече Синер, кој е подготвен за настап на САД Опен и веќе в вторник го чека дуел во првото коло.

 

- Оглас -

Најнови вести