Синиша Михајловиќ го „протераа“ од Болоња, за негово добро

Српскиот фудбалски тренер Синиша Михајловиќ, која ја води екипата на Болоња, ставен е во посебна изолација поради Коронавирусот бидејќи со месеци се бори против леукемијата и спаѓа во ризичната група луѓе кои лесно може да се заразат и од Корона. Затоа лекарите го советуваа да оди во Рим, каде што се помали размерите на епидемијата, отколку во северниот дел на Италија.

Синиша веднаш замина во главниот град на Италија, ставен е во посебна изолација од јавноста и нема да има активности околу работата со тимот на Болоња. Фудбалот во Италија и онака е запрен, па Михајловиќ може слободно да мисли само на своето здравје.

- Оглас -

Најнови вести