Сините по пауза од два месеци остварија премиерлигашка победа на „Стемфорд бриџ“ (Видео)

Фудбалерите на Челси славеа со 3:1 против Њукасл во последниот натпревар од 28-то коло во Премиер лигата.

И покрај победата, Челси остана на 11-тата позиција со 39 бода, додека Њукасл е веднаш над Сините со еден бод повеќе.

Ова беше прв победа за Сините пред своите гледачи на „Стемфорд бриџ“ по пауза од речиси два месеци. Последен пат кога Челси славеше на домашен терен во Премиер лигата беше на 13 јануари и тоа против Фулам (1:0).

Челси поведе со голот на Николас Џексон уште во шестата минута, но Њукасл во финишот од првиот дел израмни преку Александер Исак.

Сините повторно поведоа со голот на одличниот Кол Палмер, кој го асистенцијата за првиот гол, во 58-та минута се запиша во листата на стрелци.

Украинецот Михајло Мудрик во 76-тата минута ги реши дилемите околу победникот.

Во финишот од мечот, Џејкоб Марфи намали на 3:2 и тоа беше се што сторија фудбалерите на Њукасл.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести