Синот на Џиџи Буфон даде гол за Чешка, синот на Марсело гол и асистенција за Шпанија

Италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон стана светски првак со својата репрезентација, се прослави играјќи за Аѕурите, но неговиот син Луј тргна по други стапки – иако е роден во Италија, настапува за селекцијата на Чешка.

Мајка на Луј е поранешната манекенка Алена Шередова, па 17-годишниот Луј одлучи да игра за Чешка и засега добро му оди. Вчера тој даде гол за јуниорската репрезентација (играчи до 18 години) на Чешка во победата од 4-1 против Франција.

Секако, Луј уште има шанса како сениор да заигра за родната Италија, но во моментов ја претставува земјата на неговата мајка.

Вчера гол даде уште еден син на фудбалска легенда. Младиот (има 15 години) Енцо Алвес Виеира. кој е син на некогашниот лев бек на Реал Мадрид, Бразилецот Марсело, го спаси У-17 тимот на Шпанија од пораз против Австрија.

Енцо влезе во игра при 1-3 и со гол и асистенција ги донесе конечните 3-3. Тој е роден во Мадрид и иако родителите му се Бразилци и татко му со години играше за репрезентацијата на Бразил, талентираниот Енцо е репрезентативец на Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести