Синот на еден од најдобрите фудбалери во историјата тренираше со првиот тим на Барселона, му предвидуваат дека може да биде подобар од татко му

Синот на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Роналдињо, Жоао Мендес викендов почна да тренира со првиот тим на Барселона. Младиот 19-годишен Бразилец во Барселона пристигна минатата година од Крузеиро, а досега беше дел од вториот тим на Барселона.

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, остана без речиси цел тим поради репрезентативни обврски и тоа го искористи за да повика неколку млади играчи од вториот тим меѓу кои е и синот на Роналдињо.

Според „Марка“, Жоао Мендес би требало да се врати во вториот тим на Барселона по завршување на паузата порази репрезентативните настапи, но според тренерите во Ла Масија, тие очекуваат младиот Бразилецт да го надмине својот славен татко и да има подобра кариера.

 

- Оглас -

Најнови вести