Синот на Ривалдо пристигна како ѕвезда на лигата, а сега одвај чекаа да си замине (Фото)

Синот на прославениот бразилски фудбалер Ривалдо, Ривалдињо, е далеку од игрите кои ги прикажуваше неговиот татко. Ривалдињо од доаѓањето во Европа настапуваше за клубови од Бугарија, Романија и Полска.

Неговата последна авантура повторно завршува неславно откако романската Универзитатеа Крајова му се заблагодари на соработката и тој е слободен фудбалер да си бара нов клуб.

„Ти благодариме Ривалдињо. Универзитатеа Крајова и напаѓачот одлучија спогодбено да го раскинат договорот. Ти благодариме за сè што направи и ти посакуваме успех во понатамошната кариера“, се вели во краткото соопштение на романскиот клуб.

Ривалдињо за Универзитатеа одигра 27 натпревари и постигна само еден погодок, што секако е премалку за еден напаѓач.

Тој во својата кариера настапуваше и за Динамо Букурешт, Левски Софија, Виторул Констанца и Крајова. Во ниту еден од овие клубови не остави некој посебен впечаток, но сепак освојуваше трофеи.

Со Динамо Букурешт го освои Лига купот на Романија во 2017 година, со Виторул Констанца беше победник на Купот на Романија во 2019 година, додека со Крајова го освои полскиот Суперкуп во 2020 година.

Дали ќе се одлучи да продолжи да игра во Европа или ќе се врати во Бразил, останува да видиме.

 

- Оглас -

Најнови вести