Синот на легендарниот Бразилец Роналдињо ја напушти академијата на Барселона и за првпат ќе игра сениорски фудбал. Жоау Мендес стави потпис на двегодишен договор со членот на англиската Чемпионшип дивизија, Барнли, и ќе се обиде да се наметне.
Жоау Мендес долго беше дел од младинските категории на Крузеиро, но без да биде откриено дека се работи за синот на Роналдињо, сè со цел тренерите да не го форсираат само заради неговиот татко. Деветнаесетгодишниот фудбалер кој настапува како напаѓач не доби шанса за сениорски настап во Барселона, а иако му беше понуден договор од Каталонците да остане, сепак фудбалерот и неговиот агент се одлучија дека во моментов најважно е тој да има минутажа.
🟣🇧🇷 Ronaldinho’s son João Mendes has signed in as new Burnley player. pic.twitter.com/NV5Uqpq1ib
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 14, 2024