Синот на трагично загинатиот Рејес ќе игра за Реал Мадрид

Синот на Хозе Антонио Рејес, кој пред неколку дена го загуби животот на 35 години во стравична сообраќајна несреќа, е нов член на фудбалската академија на Реал Мадрид. Единаесетгодишниот Рејес Лопес го носи името на неговиот прерано починат татко, а во Кралскиот клуб пристигна од редовите на Леганес.

Рејес Лопес беше најдобар стрелец на еден младински национален турнир кој се одржа во Мадрид, а од тој момент скаути од неколку шпански екипи будно го следат неговиот развој. Реал е клубот кој го направи конкретниот потег да го ангажира, а доколку продолжи да се развива, му предвидуваат блескава иднина. Воедно, шпанските медиуми најавија дека претседателот Флорентино Перес ќе се грижи околу трошоците на Хосе Антонио Рејес Лопес сè додека не наполни 18 години, што е прекрасен гест од страна на првиот човек на Кралскиот клуб.

Рејес инаку во својата кариера ги бранеше боите на 13-кратниот европски првак како позајмен играч од Арсенал во сезоната 2006/07, каде што настапи на 38 натпревари и постигна седум гола и три асистенции

- Оглас -

Најнови вести