Синот на Зидан ја заврши фудбалската кариера само на 29 години

Најстариот син на Зинедин Зидан, Енцо, на 29-годишна возраст стави крај на фудбалската кариера.

Офанзивниот играч за врска нема клуб од летото 2023 година, кога го напушти шпанскиот третолигаш Фуенлабрада, ги одбил понудите на неколку клубови бидејќи ја изгубил волјата да игра фудбал и планира да се фокусира на бизнисите во коишто инвестирал и сака да поминува повеќе време со сопругата и трите деца.

Енцо Зидан имаше еден настап и за првиот тим на Реал Мадрид, во Купот на Шпанија против Леонес, и постигна гол во победата од 6-1.

Како првороден наследник на големиот Зизу, Енцо уште од дете морал да го поднесе тешкиот товар на славното презиме на неговиот татко, но фудбалската кариера не му течеше како што би посакал.

На почетокот на месецов од фудбалот се откажа и Ромео Бекам, синот на славниот Дејвид Бекам, кој играше заедно со Зидан во Реал Мадрид. Очигледно дека поговорката „крушата паѓа под круша“ не важи секогаш. Татковците беа големи фудбалери, синовите ни приближно.

 

- Оглас -

Најнови вести