Синсинати Мастерсот преместен во Њујорк

Мастерс 1000 турнирот во Синсинати за оваа година е преместен во Њујорк, објавија организаторите на „Твитер“. Со него ќе се назначи рестартирањето на тениската сезона на големите натпреварувања откако белиот спорт повеќе од три месеци е на пауза поради пандемијата со корона-вирусот.

Наместо во Синсинати, Охајо, натпреварите од турнирот ќе се играат на терените каде што се одржува Отвореното првенство на САД, односно националниот тениски комплекс на САД. Мастерсот ќе почне на 17 август и ќе трае до 24 истиот месец, додека титулата ја брани Данил Медведев.

Бидејќи од претходно Мастерс турнирот во Мајами и Индијан велс се откажани, Синсинати ќе биде првиот од серијата 1000 кој ќе се врати на програмата.

 

- Оглас -

Најнови вести