Сирискиот Дибала побегна од воениот виор и со голови дотурка до професионален договор

Амар Рамадан со многу упорност, тешка битка, но и квалитет успеа да дојде до момент што ќе го памети цел живот, откако го потпиша првиот професионален договор.

Од вчера 19-годишното момче кое е бегалец од Сирија е член на првиот тим на Ференцварош, најтрофејниот унгарски клуб.

Го нарекуваат сирискиот Дибала поради сличниот стил со аргентинскиот ас од Јувентус. Откако во октомври 2015 година пристигна со семејството од својата родна земја во Ломбардија бегајќи од воениот виор, успеа да го потврди квалитетот, па во битката меѓу италијанските клубови, Јувентус ги победи Милан, Интер, Торино, Аталанта и Калјари и го вклучи во јуниорскиот тим.

Лани Рамадан се пресели во младинскиот погон на Ференцварош во Унгарија и за две сезони постигна 17 гола на 26 меча, со што ги принуди челниците на 30-кратниот првак да го повикаат во првиот тим со понуда за професионален договор.

Амар е роден во 2001 година и интересно е што како 16-годишно момче беше приклучен на репрезентацијата на Сирија за играчи до 19 години, како најмлад член на таа генерација.

- Оглас -

Најнови вести