Сите го величат Меси, но во финалето Аргентина има уште еден херој (Видео)

Голманот на Аргентина Емилијано Мартинез е еден од хероите на Аргентина за освојување на светската титула. Мартинез е голманот кој одбрани два важни пенали во четвртфиналето против Холандија, уште два пати беше непремослива пречка за фудбалерите на Франција во денешното финале, но моментот што вечно ќе се памти се случи во 123 минута.

Се играа последните секунди од финалето, односно третата минута од судиското продолжение кога Коло Муани излезе сам пред Мартинез, а голманот на Аргентина со чудесна одбрана со нога спаси сигурен гол.

Одбраната на Мартинез погледнете ја ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести