Сите го заборавија големиот талент на Арсенал, тој блесна и ја одведе Костарика на Светско првенство (Видео)

Џоел Кембел, некогашниот голем талент на Арсенал, е јунакот на Костарика и со победнички гол во третата минута против Нов Зеланд го извади последниот билет за Мундијалот во Катар на својата репрезентација.

Кембел, кој сега има 29 години, одлично реагираше на почетокот на последниот бараж за СП и на интересен начин ја затресе мрежата на Нов Зеланд во раната фаза од мечот.

Голот на Џоел во третата минута можете да го погледнете ОВДЕ.

Нов Зеланд постигна гол за израмнување во 39-тата минута, но беше поништен поради фаул по прегледување на ситуацијата со помош на ВАР-системот.

Костарика како последен патник за Катар ќе игра во Д групата со светскиот првак Франција, со Данска и со Тунис на шампионатот што ќе се одржи во ноември и декември оваа година.

 

- Оглас -

Најнови вести