Сите играчи во Серија А ќе бидат тестирани пред да продолжи сезоната

Претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриелe Гравина, се надева дека ситуацијата во Серија А најмногу за еден месец ќе се врати во нормала. Мечевите во Серија А се „замрзнати“ уште од 9 март, а поради пандемијата од Коронавирусот сигурно ќе нема фудбал уште еден месец.

Првиот човек на италијанскиот фудбал најави дека пред да започнат мечевите, сите фудбалери ќе бидат тестирани за да нема опасност да играат заразени играчи.

„Кога ќе се создадат услови, ќе го продолжиме првенството. Се надевам дека на почетокот на мај ќе започнеме со тестирање на фудбалерите и потоа тие без никаков сомнеж да продолжат со тренинзите. Немаме рок кога треба да заврши првенството“, рече Гравина.

- Оглас -

Најнови вести