Сите навивачи на Јувентус овој меч би го типувале „икс“ и така би биле најсреќни

Како се доближува крајот на првенствата во Топ 5 лигите во Европа, така и возбудувањата се поголеми како на теренот така и во играта на Спортска прогноза. Во минатото коло имавме петмина прогнозери кои добија вредносни ваучери по 500 денари од Sport Life, што само покажува дека главната премија, мобилен телефон IPhone XS, и не е толку далеку за освојување.

За освојување на „ајфонот“ потребно е да бидете перфектни и да имате 13 погодоци во тековното коло. За еден утнат пар следува ваучер од 1.000 денари, а за 11-ка ваучерот е 500 денари. Едноставно примамливо ако се знае дека оваа игра е БЕСПЛАТНА.

Во ова коло повторно сите мечеви се од Топ 5 лигите во Европа. Најпримамливо е дербито во Италија меѓу Лацио и Интер, две екипи кои заедно со Јувентус се во трка за титулата во Серија А. Интер е лидер со 54 бодови, колку што има и Јувентус, а Лацио заостанува само еден бод на третото место.

Во минатото коло, прогнозерите успеаја од неделните натпревари да „состават тикет“ кој се покажа како добитен, и тоа со коефициент 344. Затоа процентите според тоа како прогнозирале поголем дел од играчите, некогаш може да бидат добра помош за меч за којшто имате дилеми како да го одиграте.

Не чекајте многу и играјте Спортска прогноза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести