Сите се чудат што прави Јокиќ на пријателските мечеви (Видео)

Никола Јокиќ одигра 25 минути во убедливата победа на Денвер против Портланд од 126:95, во еден од четирите претсезонски дуели во НБА-лигата. Српскиот центар за времето поминато на теренот имаше 12 поени, 11 скокови и осум асистенции, што значи дека му недостасуваа само две додавања за да има трипл-дабл.

Коментарите по мечот беа дека Србинот уште еднаш потврдил дека има неверојатна визија за кошарка и делува како да игра баскет на бетон, според тоа колку едноставно и лесно ги решава сите ситуации. Иако игра на центарската позиција, Јокиќ даде и една тројка, а имаше неколку неверојатни додавања.

Во останатите претсезонски мечеви кои се одиграа утрово во НБА: Њујорк – Кливленд 100:93, Оклахома – Чикаго 103:124, Феникс – ЛА Лејкерс 107:112.

- Оглас -

Најнови вести