Сите се радуваа во соблекувалната на Реал по победата, само најскапиот фудбалер чудно стоеше од страна (ВИДЕО)

Реал Мадрид по огромен пресврт ја победи Севилја со 3:2 и остана убедливо лидер во Ла Лига. Со голот на Карим Бензема, Кралскиот клуб имаше големи причини за славење по крајот на натпреварот.

Во соблекувалната на Реал, очекувано имаше голема радост по средбата, а Герет Бејл беше фатен во неколку кадри на кои се гледа како стои чудно и не се радува. Велшанецот, којшто зема годишна плата околу 38 милиони евра, ќе си замине по крајот на сезоната, а веќе неколку години делува воопшто незаинтересирано за сите случувања во Кралскиот клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести